Кумановци ги прскале со алкохол и фрлале шишиња врз гости во дискотека во Охрид

Share

Секторот за внатрешни работи Охрид приведе и од слобода лиши четири лица - две машки и две женски од Куманово, кои ноќеска околу 3.30 часот во дискотека во Охрид со елементи на насилство го нарушиле  јавниот ред и мир. 

Приведени биле Б.С.(21), С.С.(19), М.К. (20) и Б.С.(27) кои од ВИП-ложата во дискотеката ги прскале со алкохол гостите што биле на подиумот, а по кратко време еден од нив почнал да фрла шишиња кон присутните.

И покрај реакциите од гостите и од обезбедувањето на дискотеката, приведените продолжиле да фрлаат шишиња. Во еден момент се обиделе и физички да го нападнат работникот на обезбедувањето.

- Со интервенција на полициските службеници, спречено е нарушувањето на јавниот ред и мир и против приведените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Поврзани вести

Кумановци ги прскале со алкохол и фрлале шишиња врз гости во дискотека во Охрид

​Секторот за внатрешни работи Охрид приведе и од слобода лиши четири лица - две машки и две женски од Куманово, кои ноќеска околу 3.30 часот во дискотека во Охрид со елементи на насилство го нарушиле  јавниот ред и мир. 

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ