Лице со службена легитимација од МВР и со пиштол му се заканил на месар

Share

Татко и син вчера попладне влегле во скопска месарница и бидејќи не биле задоволни од услугата, најпрво почнале вербална расправија со продавачот. Потоа, едниот од нив и му се заканил, вадејќи службена легитимација од МВР и пиштол.

По преземени мерки е утврдено дека се работи за В.А. (29) од Скопје и неговиот татко М.А.(66), а случајот го пријавил Б.Ќ. (37).

Настанот е пријавен од Б.Ќ. околу пладне во Секторот за внатрешни работи-Скопје, а се случил во месарница на улицата „Самарџиска“. Веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.             

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Поврзани вести

Кумановци ги прскале со алкохол и фрлале шишиња врз гости во дискотека во Охрид

​Секторот за внатрешни работи Охрид приведе и од слобода лиши четири лица - две машки и две женски од Куманово, кои ноќеска околу 3.30 часот во дискотека во Охрид со елементи на насилство го нарушиле  јавниот ред и мир. 

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ