(ВИДЕО) Претседателот на Венецуела преживеа атентат со дронови

Share

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро преживеа напад со дронови за време на свој говор. Инцидентот се случи за време на негово обраќање на воен собир во Каракас, кога експлодирале два дрона што носеле експлозив. Притоа, повредени се седум војници.

Мадуро изјави дека го преживеал нападот „благодарение на Бога, народот и армијата“ и ја обвини Колумбија и американската држава Флорида каде живеат голем број жители од Венецуела во егзил за „десничарскиот заговор да го убијат“.

Во телевизоско обраќање неколку часа по нападот тој нагласи дека тоа било обид за атентат и оти се укажува на заговор на десничари од соседна Колумбија, што според него е резултат од прелиминарната истрага.

Тој изјави дека неколку организатори се уапсени, но не откри детали. Одговорност за нападот презеде малку познатата група Национално движење на војници.

МИА/Фото/видео: Ruptly TV/RT

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ