МВР: „Ренџ роверот“ вчера и денеска бил во Скопје, се вршат проверки

Share

Возилото марка „Ренџ ровер дискавери спорт“, за кое дел од медиумите соопштија дека се наоѓа во Грција, е сопственост на МВР и вчера и денеска било во Скопје, потврдија за МИА од Министерството.

- Во врска со написите за користење на службено возило на МВР ве информираме дека споменатото возило е сопственост на МВР и е управувано од овластено лице, вработено во МВР. Возилото вчера и денеска е во Скопје, нагласуваат од Министерството.

Оттаму велат дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, согласно своите овластувања побарал Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди да му достави извештај со наоди од спроведените проверки.

- По завршувањето на проверките, соодветно ќе ја известиме јавноста и ќе бидат превземени соодветни мерки, велат од МВР за МИА.

„Нет прес“ претходно објави дека теренското возило во сопственот на МВР со регистарски таблички СК-9559-АЛ, било забележано во Грција и дека наводно го користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки“. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Поврзани вести

МВР: „Ренџ Роверот“ во Грција бил службено

МВР во врска со написот објавен од порталот Нет прес, известува дека Одделот за внатрешна контрола и професинални стандарди веднаш доби наредба да изврши проверки и да достави извештај. 

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ