Во следните 48 часа можна дестабилазција на Косово, Вучиќ свика итна седница на Советот за национална безбедност

Share

Српскиот претседател Александар Вучиќ за утре претпладне свика итна седница на Советот за национална безбедност на Србија, „поради состојбата на северно Косово“, јави српскиот јавен сервис РТС.

Според истиот извор, на седницата ќе се разговара за тоа „како да се заштитат српските интереси и народ во Косово“, а ќе се разгледува и актуелната безбедносна ситуација.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српските медиуми информираат дека поради информациите оти „во следните 48 часа може да се случи дестабилизација на безбедносната ситуација во северниот дел на Косово“, КФОР вчера во раните утрински часови префрлил дел од опремата и техника од својата база во селото Маѓунско во општина Вучитрн во северно Косово.

Тие потсетуваат дека утре истекнува крајниот рок за формирањето на Заедницата на српски општини.

Во Србија Советот за национална безбедност е тело на чии седници се разгледуваат прашања и се носат решенија од областа на одбраната, внатрешните работи и дејноста на службите за безбедност, состојбата на Косово, борбата против организираниот криминал, мигрантите и други бебзедносни теми.

Членови на советот се претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за правда, началникот на генералштабот на Војската на Србија и директорите на безбедоносно-разузнавачките служби - БИА, ВБА и ВОА. 

Харадинај: Приштина ќе одговори на евентуално прогласување автономија на Србите во северно Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска по седницата на косовскиот Совет за национална безбедност ги предупреди Србите од северно Косово дека Приштина ќе одговори на нивниот можен обид за прогласување на автономија.

- Никој нема право да превзема унилатерални акции, изјави Харадинај на конференција за печатот, додавајќи дека нема да се толерира кршењето на косовските закони.

Харадинај најави и дека работната група утре ќе може да го поднесе извештајот за нацртот на статутот на Заедницата на српски општини.

Според него, досега се чекало на исполнување на таа обврска од договорот од Брисел, со цел властите во Приштина да бидат „сигурни дека статутот на ЗСО е во рамките со косовските закони“.

Како што јави Танјуг, медиумите во Приштина наведуваат дека причина за одржувањето на денешната седница на Совет за национална безбедност се наводните информации дека Србите во северно Косово утре ќе прогласат автономија, поради неформирањето на ЗСО од страна на Приштина.

- Ако некој излезе од косовските закони и договори, законот ќе работи, нема дилема, ќе го добие својот одговор. Тоа се однесува и за северно Косово. Секогаш сме го поздравиле пристигнувањето на секој граѓанин на светот во кој било дел од Косово, а секој што влегува на територијата на Косово, со цел на нарушување на јавниот ред и мир, ќе добие одговор во согласност со законот, изјави Харадинај. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ