Двајца загинати во сообраќајка на магистралниот пат Штип - Велес

Share

Две лица загинаа, а двајца се потешко повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 14 часот и 15 минути на магистралниот пат Штип - Велес кај приградската населба Три Чешми.

Според самостојниот сообраќаен инспектор во СВр-Штип, Владо Петров  директно се судриле шлепер со полуприколка со српски регистарски таблички и камион натоваран со дрва.

Двајцата возачи, едниот од Србија и другиот од Штип, загинале на лице место, а сопатниците кои биле во камионот здобиле тешки телесни повреди и се хоспитализирани во штипската Клиничка болница и се надвор од животна опасност.

Во тек е увид на местото на несреќата, а сообракајот се пренесочува по стариот регионален пат Штип - Велес. 

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Поврзани вести

Кумановци ги прскале со алкохол и фрлале шишиња врз гости во дискотека во Охрид

​Секторот за внатрешни работи Охрид приведе и од слобода лиши четири лица - две машки и две женски од Куманово, кои ноќеска околу 3.30 часот во дискотека во Охрид со елементи на насилство го нарушиле  јавниот ред и мир. 

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ