(Фото) Десетгодишниот Бошев од Неготино го искачи врвот Мормулада во Италија

Share

Неготинецот Ване Бошев, на десет ипол години го искачи врвот Мормулада Пунто Пениа, еден од најпознатите врвови на Доломити во Италија со најдолга стена, висок 3.343 метри. Искачувањето се одвивало на стаза опремена со метално јаже за безбедност на искачувачите. 

- За овој подвиг тој интензивно се подготвуваше на македонските планински врвови. Во тоа многу му помогнаа Магдалена Климова од Охрид и Александар Кленов од Демир Капија. Уште еднаш ги почувствува убавините, но и ризиците на планините, изјави денеска неговиот татко Орданче, кој е исто така планинар.

Експедицијата броела 12 планинари, пет од Македонија и седум од Србија.

Младиот неготинец планинари од неполни три години. Досега има освоено бројни планински врвови во земјава и странство и многу признанија. 

МИА/Фото: Фејсбук/Ване Бошев

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Поврзани вести

(Фото) Десетгодишниот Бошев од Неготино го искачи врвот Мормулада во Италија

​Неготинецот Ване Бошев, на десет ипол години го искачи врвот Мормулада Пунто Пениа, еден од најпознатите врвови на Доломити во Италија со најдолга стена, висок 3.343 метри. Искачувањето се одвивало на стаза опремена со метално јаже за безбедност на искачувачите. 

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ