Jax Jones иако платен нема да настапи на „Охрид колинг“, Македонија била секундарен маркет

Share

Само 24 часа пред неговиот настап во Охрид, агентот на Jax Jones не' извести декa добил насоки од менаџментот на Jax Jones дека нема да дојде во Охрид, иако имавме валиден потпишан договор кој е во целост финансиски исполнет кон него, информираат од Авалон продукција.

„Ве информираме дека во 25 годишната кариера на Авалон Продукција за прв пат се соочуваме со ваква некоректност и аматеризам.

Причината за тоа е неверојатна и до сега непозната во нашата долгогодишна работа. Според нив, Македонија е секундарен маркет и тие си го задржуваат правото да го откажат настапот затоа што добиле одредена понуда за маркет кој за нив е примарен.

На сите наши апели дека вакво нешто е непоимливо во музичката индустрија, добивме само извинување од агентот дека тој не може ништо да направи за да ја смени одлуката на менаџментот на Јаx Jones.

Бидете слободни и прашањата за недоаѓањето на Jax Jones поставете ги нему и неговиот менаџмент. Впрочем, на веб стајтот на Jax Jones се' уште стои дека ќе настапи пред македонската публика.
Како што ние дознавме, причината за недоаѓањето е понудата да настапи на радиско шоу во Ибица, во истото време кога требаше да има со договор потпишан настап во Охрид.

Авалон Продукција не би била Авалон Продукција, кога експресно не би реагирала со голема доза на пркос со цел да обезбеди замена која е дури и на повисоко ниво од Jax Jones- Salvatore Ganacci! Иако се работи за многу поскап ди-џеј, цените за вечерва остануваат исти.

Сите што блок картите ги зaменија со нараквици се разбира дека истите ќе им важат за вечерва, како и за саботниот настап на Armin Van Buuren“, се вели во соопштението на Авалон.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ