Иницијативата „Донирај уметност“ заврши, колекцијата од дела ќе биде испратена во Атина

Share

Графичкиот дизајнер Зоран Кардула информираше дека иницијативата „Донирај уметност“ завршила и биле собрани повеќе од 50 уметнички дела кои ќе бидат подарени за хуманитарни цели за помош на настраданите во пожарите во Грција.

„Голема благодарност до сите уметниците кои се пријавија и донираа свое дело. Некои од донаторите имаа дилема дали нивните дела се доволно добри за да се најдат во колекцијата која ќе патува за Атина. Секое дело кое подарено со љубов и најдобра намера во знак на солидарност и пријателсто е повеќе од добро. Уште еднаш голема благодарност до сите нив и сите кои ја поддржаа оваа иницијатива“, напиша Кардула на неговиот фејсбук-профил.

Тој исто така информираше дека Град Скопје им излегле во пресрет така што ја прифатиле нивната колекција која ќе биде подарок од град Скопје за град Атина.

„Целосната логистиката за испраќање на делата ја превзема градот како и можноста оваа колекција да биде преставена пред граѓаните преку изложба пред да истата биде испратена во Атина“, вели Кардула.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Поврзани вести

(Фото) Десетгодишниот Бошев од Неготино го искачи врвот Мормулада во Италија

​Неготинецот Ване Бошев, на десет ипол години го искачи врвот Мормулада Пунто Пениа, еден од најпознатите врвови на Доломити во Италија со најдолга стена, висок 3.343 метри. Искачувањето се одвивало на стаза опремена со метално јаже за безбедност на искачувачите. 

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ