Грузија ја легализираше марихуаната за лична употреба

Share

Уставниот суд на Грузија ги укина казните на лицата осудени за употреба на канабис, со образложение дека станува збор за „право на личен избор“.

Сепак, одгледувањето и продажбата на оваа супстанција остануваат вон законот.

Судот одлучи дека „казната за конзумација на марихуана е во спротивност со на грузискиот Устав". 

До моментот на донесувањето на решението, казната за користење канабис изнесуваше 170 евра.

Во мај илјадници луѓе со серија концерти протестираа во главниот град на Грузија, Тбилиси, со барање за легализација на марихуаната.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ