Добротворниот хакатон „KindHack“ доаѓа во Скопје

Share

Симфони Солушнс-Скопје го организира својот прв добротворен хакатон „KindHack”. Настанот ќе се одржи на 22 и 23 септември во просториите на Симфони Солушнс во Скопје.

Сите невладини организации и институции од Скопје и пошироко, кои имаат идеја за проект за кој им е потребнo ИТ познавање, се добредојдени да ни се придружат и да аплицираат со своите проекти до 10 август.

Хакатонот е одлична можност за сите заинтересирани дизајнери, програмери и софтвер тестери да се соберат на едно место и да создадат креативни софтверски решенија, со цел олеснување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат невладините организации.

Сите учесници се поделени во тимови од 4 до 6 луѓе и имаат 48 часа да го решат дадениот предизвик.

Ова не е првиот добротворен хакатон за Симфони Солушнс. Во месец март, годинава, се одржа третиот добротворен хакатон настан, во канцелариите на Симфони Солушнс во Лавов, Украина.

Како да аплицирате?

Секоја невладина организација која се занимава со решавање на социјални прашања (екологија, образование, рурален развој и сл.) може да аплицира.

Секоја невладина организација треба да има визија за софтверот кој сака да го развие. Организацијата која ќе биде избрана да учествува, ќе мора да достави детален проект- план, пред почетокот на хакатонот

Селекцијата на проекти за развивање на софтверско решение, доставени од невладините организации трае до 20 август.

Избраната невладина организација треба да има претставник кој ќе биде присутен за време на хакатонот.

Невладината организација треба да прати краток опис за својата организација и посакуваното софтверско решение на следниот линк: goo.gl/forms.

Рокот за аплицирање е до 10 август.

Повикот за сите заинтересирани учесници (дизајнери, програмери и софтвер тестери) на хакатонот ќе биде отворен на 20 август.

Повеќе детали и информации, може да погледнете на Фејсбук.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Поврзани вести

(Фото) Десетгодишниот Бошев од Неготино го искачи врвот Мормулада во Италија

​Неготинецот Ване Бошев, на десет ипол години го искачи врвот Мормулада Пунто Пениа, еден од најпознатите врвови на Доломити во Италија со најдолга стена, висок 3.343 метри. Искачувањето се одвивало на стаза опремена со метално јаже за безбедност на искачувачите. 

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ