(Фото) Лукоил Македонија отвори бензинска станица во Гевгелија, пред влезот во Грција

Share

Од сега кога патувате во Грција пред да ја напуштите нашата граница ќе можете да наточите високо квалитени горива во ново отворената бензинска станица на Лукоил Македонија.

Ова е 30-та бензинска станица на Лукоил Македонија и е отворена во соработка со компанијата „Ранерс“, а се наоѓа на ул. Бошко Бозаџиев бр.6 А, Мрзенци, пред влезот во Грција, Автопат Е 75. 

Бензинската станица e изградена во новиот корпоративен стил на компанијата и се простира на површина од 3.400 м2, со објект од 420 м2.

Во склоп на бензинската станица има ресторан со широк асортиман на вкусни јадења, паркинг за лесни и тешки возила.



„На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да се снабдат со брендираното гориво ЕКТО од Лукоил, најефикасно гориво на македонскиот пазар кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото побрз старт и намалена потрошувачка на гориво, ТНГ, масла од палетата на Лукоил, широк спектар на дополнителен асортиман, wi-fi и други поволности“, велат од компанијата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Поврзани вести

(Фото) Десетгодишниот Бошев од Неготино го искачи врвот Мормулада во Италија

​Неготинецот Ване Бошев, на десет ипол години го искачи врвот Мормулада Пунто Пениа, еден од најпознатите врвови на Доломити во Италија со најдолга стена, висок 3.343 метри. Искачувањето се одвивало на стаза опремена со метално јаже за безбедност на искачувачите. 

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ