За еден ден, 16 уметници ја потврдиле својата донација на дела за помош на настраданите во пожарот во Грција

Share

За еден ден, 16 уметници ја потврдиле својата донација на дела за хуманитарни цели, за помош на настраданите во катастрофалниот пожар во Грција.

Акцијата ја покрена графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула на неговиот фејбук-профил. Тој објави  дека грчките уметници донирале свои дела како помош и солидарност после земјотресот 63 година, и истите тие дела на 26 овој месец ќе бидат изложени во МСУ.

„Денес Атина ја снајде слична катастрофа еве и еден повик до сите уметници, дизанери да донираме по едно дело и целата колекција да ја испратиме како знак на поддршка и пријателство“, напиша тој во повикот.

Еден ден потоа, Кардула исто така напиша дека позитивно се реагирало на иницијативата за донирање на уметничко дело.

„За да може да се организираме и да биде се како што треба би ги замолил сите уметници кои се заинтересирани за донација да ми потврдат во инбокс. До сега неколку уметници веќе потврдија дека се спремни да донираат. Се надевам дека ќе собереме одлична колекција со која ќе ја покажеме нашата солидарност со грчкиот народ кој во овој момент се соочува со огромна трагедија. Да не заборавиме дека грчките уметници истото го сторија и за Скопје после катастрофалниот земјотрес `63 година“, потсети Кардула.

Фото: Фејсбук-профил на Зоран Кардула

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Уметниците ќе донираат уметнички слики за помош во Грција

Град Скопје ќе помогне со два милиони денари за настраданите во пожарот во Атина

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ