„Вечерњи лист“: ЕУ од есен ќе предложи за пристапни преговори да се одлучува со мнозинство, а не едногласно

Share

Европската комисија се подготвува на есен да предложи нов систем на донесување одлуки во врска со преговорите за членство во ЕУ, при што повеќе нема да биде потребна едногласна одлука на сите земји членки, туку само квалификувано мнозинство, пишува хрватскиот весник „Вечерњи лист“.

- Европската комисија се подготвува на есен да предложи во иднина за претпристапните преговори за државите кандидати за членство во ЕУ, повеќе да не биде потребна едногласна одлука на сите земји членки, туку квалификувано мозинство, со што би можеле да бидат надгласани оние што би се обиделе да блокираат, наведува весникот.

Според „Вечерњи лист“, ваквиот предлог се должи на досегашните лоши искуства во преговорите, како во случајот со Хрватска, која се обиде, но не успеа, да ги блокира преговорите на Србија по поглавјето 23 за правосудството. 

Весникот наведува дека со предлогот на Еврокомисијата ќе се утврдат теми од надворешната и безбедносната политика и проширувањето, за кои одлуките повеќе нема да се носат со консензус, туку со одреден мнозинство, како „поддршка од најмалку 55 отсто од земјите членки во кои живеат најмалку 65 проценти од жителите на ЕУ“. 

Сепак, при конечната одлука за прием на нова членка во ЕУ, ќе биде потребен конзензус, што подразбира дека секоја држава членка ќе има можност за вето, додава „Вечерњи лист“. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ