Два тима победници на Фин Хакатонот: Ќе развиваат апликација, видео и игра за буџетот

Share

Два тима победија на Фин Хакатонот за креирање на веб-апликација, видео и мултимедијална игра за Граѓанскиот буџет, што викендов се одвиваше во Министерството за финансии. Тие ќе го делат наградниот фонд од 1,5 милиони денари, а и двата тима ќе имаат можност да го развијат својот производ и да отворат сопствена фирма преку кој понатаму ќе го пласираат. 

Тимот составен од Стефан Митевски, Ивана Ѓорѓиевска Стојановски и Георги Михаилов имаа најдобра видео и мултимедијална игра. Најдобра веб апликација пак, понуди тимот составен од Елена Андреева, Теди Пејоски, Елена Јовчевска, Каја Стоилеска, Александар Трпески и Александар Бака Марковски.

- Двата тима ќе работат на развој на финални производи со Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој, кои наскоро ќе им станат достапни на граѓаните, информираат од Министерството за финансии.

Фин Хакатонот е во организација на Министерството за финансии и Бирото за иновации и технолошки развој. Целта на предизвикот кој траеше 48 часа во Министерството за финансии е да се направат јавните финансии и Буџетот на Република Македонија подостапни за граѓаните преку идеи од самите граѓани.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Поврзани вести

Македонија на дланка на туристите: Изработена нова апликација „Visit Macedonia”

Министерство за економија ја промовираше апликацијата visitmacedonia, која, како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши, ги следи светските трендови за дигитализација и иновации во туристичката промоција, а има за цел да го привлече вниманието на туристите, посебно на транзитните. 

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ