Совети: Колку пари да барате при преговори за повисока плата?

2697 Views Април 23, 2018 Office Редакција Емагазин
Share

Разговорите со шефот за зголемување на платата може да бидат тешки и стресни. Значи, ако одиш да преговараш - добро подготви се. Бизнис инсајдер дава некои совети за тоа како да и се пријде на ситуацијата.

Направете студија за тоа колку заработуваат луѓето кои имаат како вашето образование, искуство и вештини на други работни места и воопшто на терен. Кога преговарате со вашиот шеф, имајте го на ум ова, но исто така запомнете дека и други фактори се исто така важни - на пример, вашата позиција во компанијата и степенот до кој ви дозволува да поставите услови.

Вообичаеното правило е дека работникот може да побара раст од плата од 10 до 20%. Поголемо количество ќе биде тешко да се постигне, и инсистирањето на тоа ќе направи да изгледате алчни.

Меѓутоа, ако првичната понуда е се уште 20% повисока, можете да преговарате за најмалку уште 5%. Не плашете се да го побарате она што го заслужувате, сè додека е во согласност со трендовите на пазарот. И не ја прифаќајте првата понуда веднаш - бидете подготвени со контра-понуда, дури и повисока од вашите очекувања. Може да се сретнете со вашиот работодавец некаде во средината, но ако горната граница е повисока тогаш средната ќе биде иста.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Поврзани вести

Десет совети за оние кои долго време бараат работа

Луѓето кои бараат работа често наидуваат на некои големи препреки кои ги спречуваат да пронајдат нова или подобра работа. Затоа Анду Чан – експертот за развој на кариерата дава 10 одлични совети со чија помош многу полесно би требало да дојдете до работа.

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ