Дали имате неспособен шеф? Еве како да се справите со него

Share

Ако работите со шеф кој е неспособен за вршење на својата работа, тогаш знаете колку тоа може да ве фрустрира и депримира.

Најчестата судбина на таквите луѓе е поголемиот дел од своето работно време прават работи кои треба да го прават нивните надредени, а не се фокусирани на својата кариера.

Ова се неколку начини кои можеби Вас ќе Ви помогнат да го преживеете тој проблем:

1.Никогаш немојте да го озборувате шефот и не се жалете од него пред вашите колеги. Без оглед колку тој е некфалификуван за работата која што ја извршува, ако се жалите тоа може лошо да се одрази на Вас и да Ви смета во понатамошниот напредок во кариерата.

2. Бидете корисни колку тоа и да е можно. Работете го она што можете да го постигнете и трудете се да бидете корисни во во својот тим и на својот шеф. Обидете се да најдете слаби точки на вашите соработници кои се поклопуваат со областите во кои вие сте брилијантни и фокусирајте се на она што е во фокусот на вашата работа.

3.Бидете позитивни и учете што повеќе од искуствата кои ги стекнувате работејќи. Размислувајте секогаш за можноста за напредување.

4.Работете заедно со луѓето, а не против нив. Ако се обидете да најдете начин да работите заедно со шефот, не против него, се ќе оди многу лесно. Кога и да ви се укаже прилика да ја превземете улогата на водач, направете го тоа, бидејќи ќе Ви помогне да се подготвите за денот кога можеби и ќе бидете на позицијата водач на тимот.

5.Никогаш јавно не изразувајте несогласување. Немојте јавно да го засрамувате шефот или да му противречите. Кога не се сложувате, кажете му го тоа на шефот приватно во канцеларија со почит.

6.Ништо немојте да доживувате лично. Сите ќе се прашуваат како раа одредена личност може да биде шеф, но тоа не е ваша грижа. Не губете нерви и енергија на тоа туку мислете на целите кои Вие сакате да ги постигнете.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

Поврзани вести

Десет совети за оние кои долго време бараат работа

Луѓето кои бараат работа често наидуваат на некои големи препреки кои ги спречуваат да пронајдат нова или подобра работа. Затоа Анду Чан – експертот за развој на кариерата дава 10 одлични совети со чија помош многу полесно би требало да дојдете до работа.

Најчитани вести

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20 регионални телевизии лани оствариле приходи од 102,38 милиони денари

Во текот на 2017 година програма на регионално ниво емитуваа вкупно 26 телевизии. Во анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги анализирани се податоците за економското работење

ВРВ